Билатералните односи меѓу Македонија и Бразил и можностите за нивно продлабочување, особено во сферата на парламентарната соработка биле теми на разговор на средбите во Бразилија на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Тој во престолнината на Бразил остварил средби со претседателот на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во Федералниот Сенат и поранешен бразилски претседател Фернандо Колор де Мело и со претседателот на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во долниот дом на Националниот конгрес на Бразил, Бруна Фурлан.
Со цел реализација на конкретни иницијативи, соговорниците констатирале дека е неопходно унапредување на договорната рамка меѓу двете земји. Во таа насока, биле разгледани иницијативите за склучување на меѓусебни договори во сферата на културата, научната и технолошка соработка, воздушниот сообраќај и инвестициите.
– Во разговорите со двајцата претседатели на комитетите за надворешни работи и национална одбрана, претседателот Иванов посочи дека Македонската амбасада во Бразилија веќе отвори разговори за проширување на соработката во сферата на безбедноста со акцент на борбата против организираниот криминал и корупцијата што е резултат на одличната соработка помеѓу агенциите за разузнавање, при што изрази очекување за скоро потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу агенциите на двете земји, соопштија денеска од кабинетот на Иванов.
Македонскиот претседател, кој е во официјална посета на Бразил, истакнал дека Република Македонија придава особено значење на билатералните односи со оваа земја и како јасен знак во таа насока го потенцирал отворањето на македонската амбасадата во Бразилија.
Во рамки на официјалната посета на Бразил, претседателот Иванов се сретна со Рикардо Изар, пратеник во Долниот дом на Националниот конгрес, еден од кандидатите за претседател на парламентарната група за пријателство меѓу Македонија и Бразил.
Иванов е прв Претседателот на Република Македонија кој престојува во официјална посета на Бразил, чиј повод е свеченото отворање на македонската амбасада во Бразилија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Претседателски кандидат во Бразил избоден со нож (видео)
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана