Марко Јариќ допатувал тајно со поранешната жена Адријана Лима во Белград.
Прославениот кошаркар и ангелот на Викторија, на аеродромот Никола Тесла слетале околу пет часот изутрина од Њујорк. Спортистот и манекенката не сакала да упаѓаат во очи, па одвоено излегле од авионот. Откако ја минале пасошката контрола, царинската зона прв ја напуштил Јариќ, а 15 минути подоцна аеродромот го напуштила и Лима.
-Бев заедно со Марко и Лима на летот од Њујорк за Белград. Тие седеа во бизнис класата. Седеа заедно, но одделно го напуштија авинот. Беа без ќерките – вели извор за српски Курир.
Тој вели дека двајцата цело време се правеле дека не се познаваат, бидејќи не сакале да бидат откриени.
-Адријана беше без шминка и скоро непрепознатлива. На главата имаше голема шапка и наочари, додека Марко исто така имаше наочари и качкет. Слушнав дека споменуваа некои документи, дека треба нешто да регулираат во врска со децата и дека таа кратко ќе се задржи во Белград. Луѓето не обрнуваа многу внимание на нив, бидејќи беше многу рано – рекол соговорникот.
Тој додал дека тие двајцата за да останат незабележани, си отишле со различни возила од аеродромот.
-Марко зеде рентакар, а по Лима дојде некое момче. Претпоставувам дека манекенката ќе престојува во хотел, бидејќи се поздравија по излегувањето од аеродромот – додал соговорникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.