„Суперхикс“ се подготвува целосно да го освежат Скопје на 15 декември 2017 во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во 20:30 часот.
-РамПаРаРам е стихот кој последнава година најчесто го слушаме. Во кола, по дома, на ТВ, од фрижидер, во комшии, на пиво, во диско, насекаде. А 15 декември е денот кој ќе му даде боја на секојдневното сивило, 15 декември е денот за РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ и најновото концертно шоу на Вашиот омилен бенд!!!, велат од Суперхикс. Тие додаваат дека им претставува искрено задоволство тоа што на концертот ќе настапат Визија, еден од најдобрите рок млади македонски рок состави.
Суперхикс и пријателите ќе приредат повеќечасовен музички и визуелен спектакл. Забавата започнува во петок, 15 декември 2017, во малата сала на ВИП Арената „Борис Трајковски“ во 20:30 часот, а вратите за посетителите ќе бидат отворени во 19:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.