| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе и се поклонува и на Кејт Мидлтон – Меган Маркл ќе мора да почитува многу кралски правила

Иако е свршена, за да стане дел од кралското семејство, Меган Маркл ја очекува долг пат.

Од тоа како треба да се однесува на дворот до тоа како ќе треба да се однесува во јавноста, идната сопруга на принцот Хари, ќе мора да научи многу работи.

Како што наведуваат кралските експерти Меган ја очекува многу работа. На пример таа ќе мора да ги знае основните правила на дворот, ќе мора да се поклонува на кралицата, Кејт Мидлтон, принцезата Беатрис и Јуџин, но и на другите дами на кралското семејство.

Покрај тоа Меган ќе мора да научи како точно да се обраќа на секого, но и како да се однесува на свечените вечери на кои владеат посебни правила.

Со оглед на тоа дека од раѓање е учен на необичните правила принцот Хари е ќе и биде олдичен ментор.
Како што пренесуваат медиумите, тој на Меган почнал да и дава задачи уште пред неколку месеци, што значи дека уште од тогаш знаел дека таа е жената на неговиот живот.

Меган би требала да го утвдри материјалот до 26 мај, кога и официјално ќе стане сопруга на Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top