Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во ненајавена посета на Сирија и нареди повлекување на руските сили од таа држава. Путин беше дочекан на аеродромот од претседателот на Сирија Башар ал Асад, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и командантот на руските сили во Сирија генерал-полковник Сергеј Суровкин.
Посетата на Путин доаѓа откако силите на претседателот Башар ал Асад ја презедоа контролата над земјата од Исламска држава, со помош на руските воздушни напади. Путин во обраќање пред војниците изјави дека „генерално, борбенените дејствија на оваа територија се завршени со целосното искоренување на терористите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.