Ерективните проблеми можат да се јават од разни причини, како повреда на нервите, проблеми со доставата на крв во гениталните органи, дијабетес, висок крвен притисок, анксиозност, стрес, депресија, споредни ефекти од одредени лекови, премногу алкохол или цигари, операции (на пример рак на простата) и слично. На крајот се се сведува на едно: не можете да одржите доволно цврста ерекција за да уживате во „онаа работа“. Многумина посегнуваат по Вијагра во надеж дека тоа ќе им ги реши проблемите, но во суштина ниту еден од лековите не го зголемува либидото, ниту пак ја предизвикува желбата да се има однос.
Сепак, постојат некои природни храни кои, ако се јадат редовно, работат како Вијагра, ако не и подобро. Згора на тоа, делуваат и кај жените.
Овие храни го зголемуваат либидото и протокот на крв во гениталните органи, ја стимулираат телесната желба и ве орасположуваат за самиот чин. Притоа, некои се и навистина вкусни, повкусни од Вијагра во секој случај.
1. Семе од шишарка
Се сметаат за една од суперхраните кои можат да се додадат/мешаат со разни други храни, а и ги има преку цела сезона. Имаат многу компоненти што го разработуваат либидото, а една од нив е и цинкот, кој е многу корисен и за мажите и за жените.
2. Сок од калинка
Калинката е совршеното овошје, а исто такво е и за либидото и еректилната дисфункција. Богата е со антиоксиданси кои ги отстрануваат слободните радикали и токсините од телото. Пробајте да додадете сода, ако е во форма на сок, бидејќи е прилично слатка. Многу научни истражувања покажуваат дека ова е најдоброто решение за еректилната дисфункција.
3. Црно чоколадо
Кога имате однос, тоа ви го овозможува кардиоваскуларниот систем. А умерена количина на црно чоколадо, како што веројатно знаете, го забрзува кардиоваскуларниот систем на телото. Сепак, не претерувајте.
4. Банани
Бананите исто така го подобруваат љубовничкиот перформанс кај мажите, затоа што содржат ензим наречен бромелаин, кој исто така го има и кај ананасот. Ензимот го зголемува производството на секс хормони и го зголемува нивото на енергија во телото поради изворот на витамин B.
5. Авокадо
Ова е една од природните храни кои исто така работат кај мажите И жените, бидејќи е богато со фолна киселина која ја зголемува телесната сексуална кондиција. Богато е и со витамин Б6 – познат хормонски регулатор, а и со масни киселини, потасиум, и витамин Е – кој исто така ја зголемува продукцијата на хормони кај мажите.
6. Остриги
Се сметаат за љубовна дрога, а ѝм биле и омилена храна на Клеопатра и Казанова, кои консумирале и по неколку дузини на ден. Нивото на допамин е тоа што и кај мажите и кај жените го зголемува либидото, а остригите го прават и тоа, бидејќи се богати со цинк, кој е витален за производството на тестостеротн и здрава сперма.
7. Лубеница
Гласините се дека лубениците се новата Вијагра, бидејќи имаат многу слични ефекти врз крвните садови, како и во зголемување на либидото. Содржат цитрулинска амино киселина, која е добра за кардиоваскуларниот систем и помага да се релаксираат крвните садови, што ја разгорува желбата и ве внесува во потребното расположение.
8. Аспарагус
Една од природните храни кои имаат висока количина на витамин Б во облик на фолат, кој го помага производството на хистамин. Хистаминот е витален за здравиот сексуален нагон и кај двата пола.
9. Мака
Во Перу ја величаат како природна Вијагра, бидејќи низ историјата перуанската култура ја има користено за зголемување на силата, кондицијата, енергијата, плодноста, и либидото. Има многумина што ќе го потврдат нејзиното дејство.
10. Семки од тиква
Богати се со цинк, како и остригите, што е клучно за производството на здрава сперма и превенција од недостаток на тестостерон кај мажите. Семките се полни со витамини како витамин B, E, C, D, K и минерали како калциум, потасиум, нијацин и фосфор, кои се добри за либидото.
11. Чили
Состојката во чили пиперките што го зголемува либидото е капсаицинот. Лутите пиперки прават да се чувствуваме како да ни е топло затоа што ги ослободуваат хемикалиите кои ја забрзуваат работата на срцето и генерираат ослободување на ендорфини.
12. Лук
Лукот содржи алицин, кој го зголемува протокот на крв до гениталиите, разгорувајќи ги сексуалните нагони. Еден месец редовно јадење лук може да покаже резултати. Ако не можете да поднесете да јадете свеж лук, постојат и капсули.
13. Ѓумбир
Ѓумбирот го размрдува протокот на крв во гениталиите, но и ја затоплува крвта, оптимизирајќи ја температурата на телото. Ставете ѓумбир во чајот, супата, или во смути-то, и очекувајте резултати.
14. Бадеми
Бадемите се најсигурни кога во прашање се проблеми со плодноста, бидејќи се богати со селениум и цинк, кои се витални за репродуктивното здравје. Содржат омега-3 масни киселини кои ја зголемуваат циркулацијата на крвта и дозволуваат телесните сокови да течат слободно. Како резултат, се покачува и сексуалниот нагон.
15. Кокосова вода
Човечката крв се состои од електролити и истите можат да се добијат и од кокосовата вода. Го зголемува протокот на крв и служи како афродизијак. Можете да ја пиете „чиста“ или да ја помешате со други пијачки, сокови, или шејкови. Очекувајте скок во либидото.
Извор: 365.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.