| четврток, 6 декември 2018 |

Починал маж од грип, 4-годишно дете во критична состојба

свински грип

Шеесет и четири годишен маж починал од свински грип на Инфективната клиника, а уште едно дете е во тешка состојба.

Долги години пациентот имал низа хронични болести. Три лица се во критична состојба, сместени на инфективната клиника. Меѓу нив има и 4-годишно дете. Вкупно 40 нови пациенти поминаа низ испитувања од кои кај 22 е констатирано грип.

Четиринаесет од нив се заболени од пандемски грип познат како свински грип. Вкупно над 1.700 лица се заболени од грип, а се очекува тој број да порасне.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top