Претседателот на Русија, Владимир Путин ја запрепасти јавноста денеска кога слета во руската војна база Хмејмим во Сирија.
Путин и нареди на руската армија да почне да се повлекува од Сирија. Се повлекува поголем дел од трупите, додека нешто војска ќе остане во базата во провинцијата Лактија.
-Русија ќе изведе незапамтени напади на терористите, ако повторно кренат глава во Сирија- рекол Путин.
-Никогаш нема да ги заборавиме губитоците кои ги претрпевме во борбата против тероризмот во Сирија и Русија. Сеќавањето на жртвите на борбата со терористите само не прави посилни во борбата за искоренување на тероризмот -додал претседателот на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.