„Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија и студентите од Државните факултети за музика, кој ќе се одржи овој четврток (14.12.) со почеток во 20 часот. На овој традиционален концерт на кој како солисти се претставуваат талентирани студенти избрани по пат на аудиција, ќе бидат изведени разновидни дела од Чајковски, Хачатуријан, Ботесини, Прокофјев, Енеску, Ибер, Мијо.
Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, а под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе настапат студентите: Анастасија Грговска – пијано (IV година) од класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, Томе Костовски – пијано (I година) од класата на проф. д-р Ана Гацева, Динко Стипаничев – контрабас (IV година) од класата на проф. Велко Тодевски, Симон Поповски – виолина (постдипломски студии) од класата на проф. м-р Олег Кондратенко, Стефан Илиев – труба (II година) од класата на проф. м-р Васо Ристов, Богдана Бушевска – флејта (IV година) од класата на проф. м-р Страшо Темков и Александра Илиева – саксофон (III година) од класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, сите студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.