| четврток, 6 декември 2018 |

Замрзнала пистата: Повеќе од 300 летови откажани во Франкфурт

Повеќе од 300 летови се откажани, а стотина се одложени поради снегот и замрзнатите писти на аеродромите во Франкфурт. Околу 330 летови до 17 часот се откажани поради обилниот снег и температури под нулата, кои го погодија регионот на германскиот финансиски центар.

Според агенциите, се очекува да бидат одложени и други летови на аеродромот, на кој денеска било планирано да има вкупно 1.260 летови. Германската агенција ДПА јавува дека и аеродромот во Дизелдорф бил затворен неколку часа. Проблеми има и со железничкиот сообраќај кој е одложен, пренасочен или откажан долж покраината Северна Рајна – Вестфалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top