| четврток, 6 декември 2018 |

Еко- такса ќе ја поскапи белата техника

recicleЕкотаксата за апаратите за домаќинство, која ќе почне да се наплаќа од 2015 година, ќе ги зголеми цените на белата техника, сметаат увозниците. Таксата за увоз и продажба на електричниот апарати е европска регулатива, а ќе се пресметува според видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот.

Така, според државната МИА, такса за ладилник од 60 килограми би била околу 3 илјади денари. Овие пари во буџетот се наменети за еколошки проекти.

До крајот на 2013 година производителите и увозниците мора да се регистрираат во Министерството за животна средина. Оттаму велат дека овие обврзници треба да се организираат во колективен систем, преку кој ќе се наплаќа надомест за рециклирање процент одреден според продадената, односно произведената стока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top