| четврток, 6 декември 2018 |

Исполнета неговата последна желба: Праљак тајно кремиран во Загреб

Поранешниот лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак, кој што се отру со цијанид при изрекувањето на пресудата за воени злосторства во Хашкиот трубнал, бил кремиран тајно во Загреб во четвртокот. Според хрватските медиуми, кремирањето било извршено во присуство на неговите најблиски роднини и пријатели.

Во прошталното писмо кое што Праљак го напишал пред две години, како последна желба тој навел дека сака да биде кремиран. За понеделник е предвидена комеморативна церемонија за Праљак во концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top