Фактот дека поминало многу време откако Слободан Праљак стана, прозборе, па испи отров, по што сите во судницата занемеа, бил пресуден за да не му се спаси животот, објаснува хрватскиот токиколог Фрањо Павиш за „Јутарњи лист“.
Тој вели дека клучна е брзината на реакцијата при користење на ваков отров. Според токсикологот и на најсилниот отров му треба време додека да стигне до крвта и да делува, па затоа најважна е брзината на лекарите.
Праљак го испил отровот во 11 часот и 30 минути утрово, а Брзата помош стигнала еден час подоцна.
Според познатиот српски адвокат Тома Фила, кој често застапуваше обвинети во Хашкиот трибунал, во Судот е лесно да се внесе отров.
Мерките за безбедност за адвокатите и други службеници во Судот, како што вели Фила, се исти како на аеродромите. Се проверуваат метални предмети, чевли, и се одземаат мобилните телефони. Тој додаде дека апчиња и мали количества течности не се регистрираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.