| четврток, 6 декември 2018 |

Не се занимавала со елитна проституција – словенечкиот таблоид и се извини на Меланија

Американската прва дама Меланија Трамп постигна вонсудска спогодба со издавачот на словенечкиот таблоид кој го тужела откако тој се извинил поради клевета, потврди нејзината адвокатка од Љубљана.
-Госпоѓата Меланија Трамп и издавачката куќа “Дело” постигнаа вонсудска спогодба во врска со лажниот напис, објавен во списанието “Сузи”- изјавила Наташа Пирц Мусар која ги застапува правните интереси на Меланија во Словенија.

Адвокатката истакнала дека “вака заклучениот предмет е доказ дека госпоѓата Трамп нема да допушта навреди и лаги на своја сметка, туку секогаш ќе реагира на нив со цел да ги заштити своите права и интереси”.
Пирц Мусар изјавила дека тужбата била поднесена поради лажните наводи кои го повредиле достоинството, угледот и доброто име на Меланија Трамп.

Списанието “Сузи” кое го издава водечката издавачка куќа “Дело”, во една статија минатата година објавило дека Меланија по заминувањето од својот дом во Словенија работела за модна агенција, која покрај основната работа нудела и девојки за придружба, сугерирајќи дека таа се бавела со “елитна проституција”.
Посебна штета се предизвикала кога тие недокажани наводи од словенечкото списание ги пренел и порталот “Дејли Меил” кој веднаш потоа се извинил.

Од списанието истакнале дека во август 2016 година објавиле статија од која би можело да се сфати дека Меланија се бавела со проституција.
-Немавме доказ за тоа и затоа се извинуваме. Немавме намера да ја повредиме или навредиме госпоѓа Трамп – изјавиле од “Сузи”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top