На Божиќната прослава, градоначалниот на Загреб Милан Бандиќ на пријателите им соопштил непријатна вест, објавуваат хрватските медиуми.
– Додека патував до тука, ми јавија дека Оливер Драгојевиќ паднал во кома. Да се молиме за неговото здравје – рекол Бандиќ.
Оливер веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а деновиве беше објавено дека поради здравствени причини, 70-годишниот пејач ги откажал сите концерти, сè до крајот на лекувањето.
Откако му беше дијагностициран карцином, Оливер се повлече од јавноста и времето го поминуваше со своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.