| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Драгојевиќ на своето последно патување ќе замине со музика

Последното испраќање на хрватскиот музичар и текстописец Оливер Драгојевиќ ќе биде во вторник од сплитска Рива, а ден подоцна и погребот во неговата родна Вела Лука на Корчула, пренесува „Хина“.

Градот Сплит ја презеде организацијата околу испраќањето на пејачот.

Градоначалникот Андро Крстуловиќ ѝ даде наредба на Опара Јадролинија за катамаран и нарача специјално возило со кое ќе се превезе ковчегот со Оливер од црквата „Св. Фрањо“ до пристаништето. На своето последно патување во родната Корчула Оливер ќе замине со катамаран, заедно со членовите на семејството и групата „Дупини“, со која соработуваше со децении.

Погребот ќе се одржи в среда во Вела Лука, во кругот на семејството и пријателите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top