| четврток, 6 декември 2018 |

Се сретнале, а тој ја злоупотребил – силувана 20 годишна девојка во штипско!

Четириесет и четири годишниот В.А. од штипско село вчера пријавил во полиција дека дента околу 13 часот од страна на Е.А. била силувана неговата 20 годишна ќерка.

Како што информираат од полицијата, девојката која е со заостанат душевен и ментален развој се сретнала со напаѓачот кој ја искористил нејзината здравствена состојба и на сила ја извршил обљубата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top