Воздухот во Скопје утрово е загаден. Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.
Според мерењата во Скопје воздухот е загаден од 6-ти овој месец. Концентрациите на ПМ10 честичките оттогаш се над дозволеното од 50 микрограми на метар кубен и достигнуваат вредности и од 200 микрограми до над 600 микрограми. Најзагадено во овој период било во Лисиче каде синоќа во 22 часот се измерени 642 микрограми на метар кубен.
Според метеоролозите за попладне е најавен засилен јужен ветер кој може да доведе до расчистување.
Од почетокот на декември односно на 1, 2 и 3 декември воздухот не бил загаден. Високи концентрации се забележуваат според мерењата на 3-ти попладне кое траело во текот на ноќта кон 4-ти кога концентрациите се намалиле и се спуштиле во рамки на максимално дозволеното. На такво ниво биле до 6-ти попладнето.
Месечните извештаи покажуваат дека минатиот месец, односно во ноември скопјани дишеле загаден воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, во Лисиче 25 и најмногу кај Ректорат 26 денови.
За да се преземат мерки од надлежните треба концентрациите на ПМ10 честичките да бидат над максимално дозволеното пет дена последователно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.