Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 12, Битола 10, Охрид 9, Маврово 3, Дојран 14…
Утре во западните и северните делови од земјата ќе има повремени слаби врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Попладне облачноста ќе се намалува. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.
Во понеделник и вторник ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северозападен и јужен ветер.Дневните температури ќе се движат од 6 до 16 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.