| четврток, 6 декември 2018 |

Анима Мунди: Кучето кое изгризало луѓе во Аеродром е расно и има сопственик, тој треба да одговара за нападите

Здружението за заштита на животните Анима Мунди во реакцијата по повод синоќешниот случај на повеќе напади врз шест лица, меѓу кои и деца од страна на куче во Аеродром, наведува дека станува збор за расно куче, а вината ја лицираат во неодговорните сопственици кои го пуштиле на слобода.

– Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале/научиле да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин ја изложуваат јавноста на опасност – во нив е целата одговорност и бараме итно да одговараат, наведуваат од Здружението.

Изразувајќи дека се потресени и засегнати лично, наведуваат дека нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон и оти се обидуваат да го лоцираат сопственикот, односно тој што го ослободил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top