Вчера во 04,05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Филип Втори Македонски“, поточно на такси станица две непознати лица извршиле разбојништво над Р.Р. (30), возач на такси возило.
Имено, додека оштетениот возел, бил запрен од две непознати лица, кои седнале на задното седиште и му рекле да вози во правец на населбата Чаир.
По поминати 50-ина метри, едно од лицата извадило нож и му го ставил под грлото на возачот и му побарало пари. По ова Р.Р. им дал 3.200 денари, а едно од лицата го удрило со рака во пределот на лицето.
Кога стигнале на ул. „Дижонска“, застанале на раскрсницата со ул.„Божин Стојков“, каде што оштетениот уште неколку пати бил удрен по лицето со тупаници од страна на двете лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


