| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот во Калифорнија се потешко се контролира: Евакуирани граѓани, затворени училишта…(галерија) (видео)

Властите на сојузната американска држава Калифорнија наредија евакуација на околу 200.000 луѓе чии животи и имоти се загрозени во четирите големи пожари кои и понатаму се шират од Лос Анџелес до Вентура.

Пожарот, како што известуваат американските медиуми, е сѐ потешко да се контролира поради силните врели ветрови. Ветерот дува со брзина од околу 145 километри на час и се очекува да трае до петок попладне.

Околу 40.000 хектари земјиште и 150 згради изгореа на околу 90 километри северозападно од Лос Анџелес. Пожари избувнаа и во луксузниот крај на Лос Анџелес Бел Ер, а поради пожарот за сообраќај се затворени и неколку патишта. Во стотици училишта во Лос Анџелес не се одржува настава.

Пред неколку недели, во пожарите што избувнаа во северна Калифорнија, загинаа 44 лица, а речиси 9.000 куќи и згради се уништени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top