| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија повторно шокираше – дали првата дама е несреќна?

 

Првата дама на САД Меланија Трамп изјави дека кога би можела да бира каде ќе ги помине празниците, семејството би го одвела на пуст остров.

Таа својата желба ја открила за време на божиќната посета на пациентите и персоналот на детската болница во Вашингтон, продложувајќи ја традицијата која пред повеќе од 60 години ја започна првата дама Бес Труман.

Нејзниот одговор за пустиот остров  наиде на смеа кај присутните.

Инаку како што е предвидено Меланија и Доналд престојните празници ќе ги поминат на нивниот имот во Палм Бич на Флорида.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top