Еден несуден младоженец од Прокупље платил 1.500 евра на Агенција за посредување да му донесат невеста од Албанија, но таа избегала од неговатакуќа уште првата брачна ноќ. Несреќниот човек ја барал избеганата невеста два дена, а потоа решил целиот случај да го пријави на полицијата.
Според зборовите на лица од истрагата, младоженецот бил жртва на измамници од Албанија.
-Стапил во контакт со некаква агенција од Албанија и им дал околу 1.500 евра да му најдат жена. Тие кратко потоа се појавиле, а несудената невеста дошла во Србија во друштво на жена и маж кој се претставил како нејзин вујко. Девојката требало да остане кај младоженецот на проба и потоа да се венчаат.
Меѓутоа веќе првата ноќ, таа се искрала од неговата куќа и избегала. Се претпоставува дека се вратила во Албанија.
-Несреќниот човек по се судејќи налетал на криминалци, а девојката која му ја довеле била нивен соработник. Му зеле 1.500 евра, но тоа не се сите пари кои ги изгубил, бидејќи им платил и пат од Албанија, како и сместување во хотел во Прокупље – додал изворот.
Во основното обвинителство во Прокупље велат дека им влегле на измамниците во трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.