| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес го стресе познатиот грчки остров

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала утринава е регистриран во близина на грчкиот остров Родос.

Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на потресот бил во морето североисточно од островот.

Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top