Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да ги зголеми напорите за гарантирање безбедност на Интернет, повика рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
– Ве покануваме да се фокусираме на развивање и имплементирање дополнителни мерки за градење доверба во интерес на гарантирање кибер-безбедност, изјави Лавров на денешната средба со министрите за надворешни работи на ОБСЕ.
Според него ОБСЕ треба да се занимава со тоа наместо со штетни обвиненија без ниту еден факт.
Лавров ги покани земјите членки на ОБСЕ да ги усогласат напорите во борбата против забранетите супстанци и предложи да се создаде посебна структура за борба против употребата на тие супстаници.
Меѓународниот олимписки комитет пред два дена ја суспендираше Русија од учество на престојните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја, поради системски манипулации на допинг примероци на руски спортисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.