| четврток, 6 декември 2018 |

Како да направите магија за враќање на изгубената љубов…

Верувате ли во магии?

Да ви кажеме искрено и ние не сме сигурни што мислиме за ова прашање. Се случуваат работи за кои човекот едноставно нема објаснување, па затоа некои од нас веруваат.

Но во една работа сме сигурни – ако посакме нешто доволно силно, имаме сила да го постигнеме. А дури и да не поседува магична моќ, правењето на еден ваков ритуал е добар начин за да се сконцентрираме максимално на целта и да испратиме сигнали до Универзумот или ако сакате Бог.

Магија за враќање на изгубената љубов

Со овој ритуал исто така е возможно да натерате некого да ве засака, но за целта потребно е некогаш да имало нешто помеѓу вас, и по некви причини потоа сте се разделиле или повеќе не сте се виделе.

Ќе ви биде потребно:

6 свеќи во различни бои: црвена, зелена, жолта, сина и 2 розови.

Треба да нацртате круг со света вода на подот. Не влегувајте внетре во кругот! Клекнете на коленици до кругот и се што правите, правете над него, без да стапнете внатре!

Во кругот внатрешно нацртајте крст со света вода. Поставете по една свеќа на секој од краците на крстот, една горе, една долу, една лево и една десно. Црвената на југ, зелената на север, жолтата на исток и сината на запад. Запалете ги сите свеќи.

Земете по една розова свеќа во двете раце и застанете така што лицето треба да ви е спроти црвената свеќа поставена на крстот. Започнете да ја повторувате молитвата која започнува со името на човекот и продолжува со зборовите“Сакам да ми се врати, сакам да биде мој и да ме љуби како јас што го љубам“. Почувствувајте го секој збор. Престанете да повторувате се додека не почувствувате дека вашите зборови допреле до свеста на саканиот човек.

Оставете свеќите да изгорат до крај.

Розовите свеќи палете ги секоја ноќ по неколку минути, додека не изгорат до крај.

 

извор: среќа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top