Понекогаш е потешко човек да се ослободи од лошите мисли отколку од лошите навики. Затоа помогнете си себеси со оваа убава молитва…
„Боже мој, во чии раце е судбината моја,
заштити ме според Твојата милост и не дозволувај да пропаднам во своето беззаконие,
ниту да одам по волјата на телото кое со наслада и лакомост војува против духот.
Јас сум Твое битие, не го презирај делото создадено од твоите раце, не се одвраќај од мене.
Слаб сум, не ме презирај, Боже, затоа што Тебе ти се предадов:
Исцели ја мојата душа, затоа што ти згрешив Тебе.
Спаси ме заради Твојата милост, затоа што јас сум Ти верен од својата мадост.
Нека се засрамат оние кои сакаат да ме оттргнат од Тебе со помош на нечисти дела, грди мисли и некорисни сеќавања.
Оттргни ја од мене секоја нечистотија и секое зло.
Затоа што Ти си врховен и бесмртен, семоќен и на сите им даваш сила за борба против гревот и неговата војска.
Тебе ти доликува секоја слава, чест и наклон, сега, секогаш и во вечни векови.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.