Последната Трета светска војна, според Нострадамус, нема да се случи доколку преовладее разумот, но територијата на Македонија, вели тој, ќе има клучна улога.
-Запалена светилка ќе биде видена, во ноќно време, близу до Рона. Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна, кога Персија ќе се мобилизира, да ја заземе Македонија.
Пророштвата на најголемиот визионер во историјата на човековата цивилизација, Нострадамус, со векови го возбудуваат светот. Тој често ја спомнува Македонија, што значи дека тој мошне добро ја познавал нејзината географско-стратешка местоположба. Според тоа, кога говориме за воено- политичките стратегии и за улогата на Македонија во нив, гледано од аспект на последните воени конфликти на Балканот, за кои во никој случај не можеме да кажеме дека конечно и дефинитивно се решени, бидејќи тие и натаму претставуваат потенцијални жаришта за нови војни, прогнозите на Нострадамус се сосема остварливи.
Ако се навлезе подлабоко во суштината на неговите пророштва, може да се забележи дека феноменот Нострадамус со голема доза на сигурност денес го уверува човештвото дека во блиска иднина, а тоа значи во првите децении од новиов милениум, човекот со својот генијален ум ќе ги совлада сите болести кои го мачат современиот свет: канцерот, сидата, сушењето на мозокот во главата, на ‘рбетниот мозок, дијабетот познат како шеќерна болест, но дека ќе се појават нови, многу поопасни заболувања и со уште поголеми последици од првите.
Сведоци сме на новата болест – птичји грип, кој веќе претставува сериозна опасност по човекот, по птиците, но и по другите животни. Во откриениот “Таен дневник”, познат под името “Клуч 15″, за кој се трагало речиси четири века, пророкот претскажувал дека “полски лекар ќе открие лек против сите видови малигни тумори, кој само за неколку дена ќе може да ги даде првите позитивни резултати, без оглед на степенот на болеста”, а дека лекот против сидата ќе биде донесен од небото, односно од Вселената. Звучи неверојатно, но прелиминарните експерименти направени во некои институти, во кои се користи озонска инфузија во крвниот систем, покажуваат дека во озонот постои потенцијал за уништување на вирусот, а дека изработката на овие вакцини ќе се врши на нулта гравитација, на 270 милји над нас, во лаборатории кои ќе орбитираат околу Земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Замислете си го прашањето и одговорот ќе те одбере тебе: Кругот на Нострадамус точно ја открива иднината!
-
Откриени предвидувања на Нострадамус за 2018 година: Економски колапс, ерупција на Везуф, Трета светска војна…
-
Ова е застрашувачката прогноза на Нострадамус за 2018
-
Нострадамус предвиде: 2018 ќе ја одбележат пет грозни настани!