За време на гостувањето во емисијата “Амиџи шоу” Анабела одговарала на прашања за Слоба и Луна, истакнувајќи колку е горда на својата ќерка.
– Малку се зборовите дека сум пресреќна и презадоволна како таа го поднесува ова. Длабоко верувам дека од шоуто ќе излезе како сериозна и стабилна личност. Мене ова ми е една од најчистите емоции кои сум ги видела и почуствувала во последно време – рекла Анабела за љубовта на Слоба и Луна.
На прашање кога таа најлошо се чувствувала, мајката на Луна одговорила:
– Кога побара помош од мене. Се чувствував како да сум парализирана во своето тело… Тоа беше најлошото искуство во мојот живот, жива сум, а не сум, ништо не можеш да направиш. Се чуствуваш како да си ја зезнал работата како родител, не можеш да реагираш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.