Пејачката Анабела Атијас неколку пати ја споделила со јавноста својата тажна приказна од времето на војната.
Таа тогаш го напуштила родното Горажде и со тогашното момче заминала за Швајцарија.
Но изгубила секаков контакт со родителите, Јадранка и Ахмед, па морала да се врати за да се обиде да ги најде или дознае нешто за нив
Набрзо по доаѓањето во српската престолнина слушнала дека нејзината мајка успеала да излезе од Босна, но за татко си не знаела ништо, како и нејзината мајка која се развела од него уште пред војната.
-Со татко ми не стапив во контакт цели четири години, секој ден се плашев да не му се случило нешто, а мајка ми прво дојде во Србија, од каде што се упати за Шведска. Подоцна и се придружив- рекла Анабела.
Среќа, нејзиниот татко бил жив, па успеала да стапи во контакт со него и сега често го посетува во родното место
Денес Анабела објавила негова фотографија кога бил млад, со што ги разнежни своите следбеници, додека под фотографијата напишала: Неговото височество тато!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анабела проговоре за проблемите во бракот со Гаги: Се лекуваше од дрога и ме тепаше
-
Изгледа Гаги не ја тепал доволно – ќерката на Синан Сакиќ жестоко ја навреди Анабела!
-
Нивната ќерка во солзи раскажа: Џогани ја тепал Анабела
-
Анабела ја отвори душата за Слоба и Луна: Жива сум, а не сум, чувствував како да ja зезнав работата како родител (видео)