Скопјанец го застрелал врсник откако претходно се договориле да се сретнат за да расчистат проблемот што и двајцата излегувале со иста девојка.
Настанот, како што јави МВР, се случил вчера околу 19.40 часот, во Скопје на ул. „Босна и Херцеговина“, по претходна меѓусебна расправија околу заедничка пријателка Ј.Р.(26) од Скопје, со истрел од пиштол му нанел прострелна рана на О.Х.(26) од Скопје, во пределот на десното колено . Имено, Ј.Р. со такси-возило се упатил кон улица „Босна и Херцеговина“ за да се сретне со О.Х. со кого претходно се договориле, при што на договореното место го чекале браќата О.Х. и С.Х.(22). Набрзо помеѓу нив почнала вербална расправија, по што Ј.Р. извадил пиштол непозната марка и испукал од него еден куршум во правец на О.Х., при што го погодил во десното колено, по што се оддалечил од местото на настанот. О.Х. е пренесен во „Св. Наум Охридски“, каде што му е укажана лекарска помош и се преземаат мерки за наоѓање на Ј.Р. и целосно расчистување на случајот.
– See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12100&mid=1269&tabId=1&tabindex=0#sthash.ucwPVYGW.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.