Ким Јонг Ун во Северна Кореја ја делел книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“ на високи кадри на комунистичкиот режим, поттикнувајќи ги да се инспирираат од неа, пренесува интенет-порталот „Њу фокус“, кој е поддржан од севернокорејските бегалци. Преводот на книгата бил раздаван по повод роденденот во јануари.
– Истакнувајќи дека Хитлер успеал да ја обнови Германија за кратко време по крахот од Првата светска војна, Ким Јонг Ун нареди внимателно да се изучи Третиот рајх и инсистира да се извлечат практични поуки – посочува веб-сајтот.
Тој, се наведува, ја толкувал книгата, во коа спортот има главна носечка улога за обединувањето на германскиот народ околу нацистичкиот проект, и затоа ги поттикнувал Севернокорејците да се занимаваат со физичка култура.
Книга во која Хитлер наведува автобиографски податоци измешани со идеите на националсоцијализмот, од 1936 година била традиционален свадбен подарок од државата за германските нови брачни двојки.
Севернокорејските специјални служби ги осудиле, но не ги дематирале овие тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)