| четврток, 6 декември 2018 |

Блејк ќе трча само на 100 метри во Москва

Актуелниот светски првак, Јамајканецот Јохан Блејк нема да трча на 200 метри на светското првенство во август

блејк

Повредата што ја имаше Блејк на бутниот мускул сѐ уште не е потполно заздравена и тој ќе мора да ги пропушти квалификациите.

– Не сме задоволни од закрепнувањето на Блејк – изјави неговиот менаџер Јуби Сигобин.

Но, и покрај повредите, Јамајчанецот ќе трча на Светското првенство во Москва, кое се одржува од 10 до 18 август, а тоа е поради фактот што е автоматски квалификуван како бранител на титула.

Блејк е човекот со вториот најдобар резултат на сите времиња на 200 метри (19,26 секунди), а светскиот рекорд го држи неговиот сонародник Хусеин Болт (19,19 секунди).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top