| четврток, 6 декември 2018 |

Во ДПМ се славеше Празникот на липите

Во просториите на ДПМ денеска се одржа традиционалната манифестација „Празник на липите“.

На свечено отворање на „Празник на липите”, Христо Петрески, претседател на Организациониот одбор на манифестацијата , со нескриено задовоство ги поздрави присутните и истакна дека за него липите се едни од најубавите и најблаготворните растенија, и вистинска привилегија е да си скопјанец затоа што можеш да ги отвориш прозорците и да уживаш во нивната убавина и опоен мирис.

Praznik-na-lipite-4

Во рамки на празнувањето на липите – симболот на Скопје – бea претставени годинешните добитници на наградата „Книжевен жезол“, поетите Ефтим Клетников (Македонија) и Анте Стамаќ (Хрватска). Кристина Николовска, говореше за поезијата на Ефтим Клетников, а Наташа Аврамовска направи омаж за Анте Стамаќ.

Раде Силјан, претседателот на ДПМ, на добитниците на наградите им ги врачи признанијата „Книжевен жезол“, а претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, на добитникот од Хрватска, Анте Стамаќ, му додели признание за Почесен поет на градот Скопје.

Praznik-na-lipite-2

На поетскиот митинг „Поетите за Скопје“, поетската порака ја прочита Василе Димески, а свој поетски настап имаа и други поети, членови на Друштвото на писателите на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top