Во Игало, на црногорското крајбрежје, се случила голема трагедија кога Миодраг Кршикапа (56) со својата пушка ја застрелал Олга Петровиќ (46), по што извршил самоубиство.
Жители на ова место го пријавиле пукањето во полиција, по што била пронајдена тешко ранетата Олга. Таа имала неколку прострелни рани, од кои најопасни по животот биле двете во градниот кош. По ова дела, Кршикапа со истата пушка си пресудил.
Според сведочењата на нивните познаници, но и неговите објави на социјалните мрежи, Миодраг не криел дека бил заљубен во Олга. Тој пред да го направи крвавиот чин, на Фејсбук објавил дека се чувствува потиштено.
Тој објавувавл и фотографии од Олга, а на една од нив го напишал коментарот „Ова најмногу знае да сака, но и најмногу да заболи“.
Миодраг работел како возач, а Олга често менувала работи. Во летниот период наоѓала сезонски ангажмани во апартаманите во Будва и регионот.
– Беше навистина убава жена. Прекрасна за своите години. Знам дека не живееше со својот сопруг, но мислам дека не беа официјално разведени. Мислам дека одамна и вршеше голем притисок да не се гледа со Миодраг, а и тој знаеше дека таа врска му е забранета бидејќи неколку пати имаа големи расправии со сопругот на Олга. Искрено се надевам дека ќе преживее.
Таа била пренесена во Подгорица од каде соопштиле дека засега е во стабила состојба, а како што изјавиле докторите кои веројатно и го спасиле животот, десната страна на градниот кош и десната рака и биле скоро целосно разнесени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Војската на Црна Гора ќе има 2.368 војници
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија