| четврток, 6 декември 2018 |

Сега подготвува кралска венчавка, а вака Меган Маркл изгледала на својата претходна свадба

Принцот Хари и Меган Маркл ќе се венчаат следната пролет.

Но Меган зад себе веќе има еден пропаднат брак. Имено познатата актерка се омажи во 2011 година за 8 години постариот продуцент Тревор Енгелсон со кој беше во врска од 2004. Тие се разделија во 2013 година, а нивниот брак траеше помалку од две години.

Тоа беше и една од причините поради кои членовите на кралското семејство на почетокот се противеа на врската помеѓу неа и принцот Хари.

Меган и нејзиниот поранешен сопруг Тревор свадбената церемонија ја направија на Јамајка. Таа иако на почетокот се појави во венчаница, подоцна на забавата се забавуваше во оскудни жолти бикини, а фотографиите деновиве, поради нејзината свршувачка со принцот, повторно се во центарот на вниманието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top