Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на Телма, изјави дека СДСМ и ДУИ знаеле дека ќе се случи упадот во Собранието на 27 април.
И покрај тоа што што ја имале оваа информација, коалиционите партнери од СДСМ и ДУИ донеле одлука да го спроведат неговиот избор, кој беше надвор од уставот и деловникот, токму во 18 часот, време во кое секој ден се собираа демонстрантите на иницијативата „За Заедничка Македонија“.
– Искрено, претходно сите претпоставки што ги правевме и анализи, заклучокот беше дека може да се случи упадот и ќе се случи упадот. По прашање на Али Ахмети беше одлука, врз база на анализата дека доколку е тој внатре, тој гнев што ќе влезе внатре имајќи ги предвид сите случувања од претходно, поготово во 2001 година, проценката беше моја дека доколку тој е внатре ќе се искористи ситуацијата да тој биде цел на физичка елиминација. Од таа причина, коалицијата (н.з. СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците), но и како партиска одлука на ДУИ одлучивме Али Ахмети да не биде внатре. – изјави Џафери во емисијата „Ноќно студио“ која ја водеше новинарот Борјан Јовановски.
Џафери не одговори на прашањето, доколку очекувале упад на граѓаните зошто не го известиле тогашниот министер за внатрешни работи, Арбен Нухиу, кој доаѓа токму од неговата партија. Доколку имаше зголемен број на полициски службеници, настанот сигурно немаше да се случи.
Во исто време, во јавноста постојано се шпекулира дека насилството на 27 април било сценарио на СДСМ и ДУИ, кое ќе се искористи за подоцна да се обвини ВМРО-ДПМНЕ. Оваа изјава на Џафери го потврдува ваквиот сомнеж, затоа што тој открива дека коалиционите партнери свесно го испровоцирале инцидентот.
За овој случај, 36 јавни личности, вработени во МВР и Собранието и пратеници се во притвор под обвинение за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.