Читателите и членовите на Клубот „Матица“ го избраа хитот за ова лето. Годинава изборот е во најновиот роман од светската авторска ѕвезда Хелед Хосеини со својот роман „И планините одекнаа“, роман кој ги освои срцата на милиони читатели низ светот, а светската премиера беше само пред еден месец.
Традиционално веќе 13 години, Клубот „Матица“ во соработка со клубот на читатели, од 20 јуни ја почнува летната книжевна акција „Со книга на плажа“. Според евиденцијата на „Матица“, читателската публика во Македонија од лето во лето е сѐ повеќебројна.
Новитети кои ги издвојуваат од „Матица“ за ова лето се најновото остварување на Розалинд Лејкер „На бал со кралот“, Линвуд Баркли со „Страв од најлошото“, Стефани Дреј со „Песната и кринот од Нил“ и други.
Официјалниот почеток на акцијата „Со книга на плажа“ е 20 јуни, а ќе трае до 20 август.
Стартот на акцијата ќе го отвори македонскиот поет Тихомир Јанчовски, кој од 19 часот пред платото на Клубот „Матица“ ќе ја потпишува својата најнова книга „Староста може, а и не мора да се дочека“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија


