| четврток, 6 декември 2018 |

Путин издаде нареди за регистрација на медиумите – странски агенти!

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кон на Министерството за правда на Русија му нареди да отвори регистар на медиумите-странски агенти во земјата.

Минатиот месец Путин го потпиша указот за стапување во сила на Законот, со кој се предвидува медиуми финансирани од странство да бидат регистрирани од Министерството за правда како „странски агенти”.

Со тоа Москва возврати на одлуката на Вашингтон руската телевизија „Раша Тудеј Америка“ и информативната агенција Спутник, да бидат регистрирани како странски агенти во САД.

Министерството за правда во Москва е овластено да одлучи кои странски медиуми ќе добијат статус на странски агент.

Според извор од рускиот Парламент, првите медиуми-странски агенти ќе бидат регистрирани оваа недела.

– Тоа ќе бидат девет американски медиуми, претходно известени за тоа од Министерството за правда, посочи изворот.

Таквиот статус во Русија може да добие секој медиум кој добива средства или имот од странство.

Руското Министерство претходно предупреди голем број медиуми дека можат да бидат проглсени за странски агенти, меѓу кои и „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top