| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случувало утрово во Кисела Вода: Кога полицијата пристигнала на Ургентен, пријавеното лице не било таму

Утрово дел од медиумите јавија за самоубиство во скопската населба Кисела Вода, сепак од полицијата велат дека немаат пријавено таков случај.  Во Министерството за внатрешни работи, утринава околу 8:15 часот било пријавено од случаен минувач дека забележал лице кое паѓало од тераса од зграда во населбата Кисела Вода.

– По пријавата полициски екипи се упатиле во Ургентниот центар, бидејќи лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено таму, но во Ургентен не нашле лице повредено од пад или починато, објаснуваат од МВР за Курир.мк.

Неофицијално, лицето чиј идентитет не е познат, во Ургентниот центар се расправалo со медицинскиот персонал, по што си заминалo.

Од МВР за Курир велат и дека до овој момент на територија на Град Скопје немаат пријава за самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top