Најновото издание на „Скопско лето“ ќе почне в петок на Светскиот ден на музиката со Деветтата симфонија на Бетовен, во изведба на музичари и изведувачи од Македонија и Јапонија. Под диригентската палка на Шунго Моријама, во музичко-сценскиот перформанс ќе настапат солистите Ирена Кавкалеска, Ѓорѓи Цуцковски, Еми Хишики, Кеисуе Отани, како и оркестарот на МОБ, заедно со хористи од Јапонија.
Во продолжение на вечерта со изложба на дела од Марија Светиева ќе биде одбележан нејзиниот јубилеј – 25 години творештво. Делата на Светиева ќе бидат поставени во Националната галерија на Македонија.
Манифестацијата годинава ќе понуди многубројни премиери на театарски претстави, балетски претстави, филмски концерт, настапи на музичари од Македонија и од странство, претстави за деца, а ќе биде отворено и летното кино, каде што во соработка со Кинотека на Македонијаќе бидат прикажани филмовите: „Црниот лебед“, „Девет“, „Осаменоста на простите броеви“, „Тајна“ итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.