Автомобилите денеска слободно се движеа до Средно Водно и покрај забраната што ја воведе Град Скопје. Од таму информираат дека на Водно денеска немало полиција, затоа што екипите биле ангажирани за протестот што ќе се одржи попладнево во Скопје, а е организиран од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сообраќајната полиција денеска не беше во можност да постави патроли на двата влеза на Водно заради најавените протести во центарот на Скопје и очекуваните автобуси од другите градови, велат од Град Скопје. Од таму им се извинуваат на рекреативците за, како што велат, малкуте возачи кои не ги почитувале знаците за забраната за движење за викенди и празници.
извор: Makfax
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Додека Скопје се гуши: Како изгледа врвот на Водно во моментов (фото)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје