„Среќен Божик“ е првата СМС порака која е испратена на 3 декември 1992 година, а не е напишана на мобилен телефон, туку на компјутер. Оваа година се прославуваат 25 години од испраќањето на првата кратка порака.
Иако денес се поголем број на луѓе комуницираат преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и интернетските сервиси, на пример Вибер, кои овозможуваат бесплатна размена на пораки, најпопуларниот начин за текстуална комуникација и понатаму е СМС-от. Според некои аналитички компании, 92 отсто од корисниците на паметни телефони и понатаму го користат овој начин на размена на текстуална порака.
Во 1992 година, тогаш 20-годишниот инженер на Водафон, Нил Папворт за првата СМС порака употребил персонален компјутер, кој го поврзал со мобилен телефон што бил на англиската мрежа ГСМ Водафон. Во пораката пишувало „Среќен Божик“, иако бил почеток на декември. Првата, пак, СМС порака од мобилен на мобилен ја испратил еден стажист во компанијата „Нокиа“ на почетокот од 1993 година.
Мобилните компании на почетокот биле скептични кон текстуалната комуникација, бидејќи сметале дека нема потреба за испраќање пораки некому, ако на тоа лице може да му се јавите. Затоа на почетокот СМС-от најмногу им служел за мобилните оператори да ги информираат корисниците за нова говорна пошта.
Првичната намена на СМС пораките била да се овозможи поедноставна комуникација внатре во компаниите, а нивната улога со тек на време се проширила „од пораки кои секретарките им ги испраќале на менаџерите па се до голем број иновативни апликации кои се поврзани со СМС, како што е гласање во реални шоуа, следење на возила или пратки, па се до информации за слетување на авионите“.
Постоењето на бесплатните интернетски сервиси, како што се иМесиџ, Вибер, ВатсАп уште долго време нема да ја загрозат доминацијата на СМС пораките, кои на многумина и понатаму ќе им остане еден од примарните и наједноставни начини за комуникација, но и алатка со која ќе може да се завршат многу други работи, како што е плаќање паркинг, билети во трамвај и автобус и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик
-
Подгответе се навреме: За Бадник и Божик треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале
-
Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот
-
Како е украсен домот на Роналдо за Божик (фото)