| четврток, 6 декември 2018 |

За кого важи забраната? Полн паркинг возила на Средно Водно

Градот Скопје од минатиот викенд воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Но, се чини дека денес оваа мерка не се применува во целост. На фејсбук страната Ѕид на сообраќајниот срам денес беа објавени фотографии на кои се гледа дека на паркингот на Средно Водно има паркирано голем број возила.

Од ЈСП информираа дека поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top