Леблебијата потекнува од семејството на мешунки и истата се карактеризира со необичен вкус.
Таа е сестрана и може да се користи за припрема на било какви јадења и може да биде вметната во било која кујна. Освен уникатниот вкус и арома, леблебијата исто така има мноштво здравствени придобивки.
Еве неколку здравствени предности на леблебијата:
Леблебијата е богата со растворливи и нерастворливи влакна. Додека растворливите влакна помагаат во одржување на здравјето на жолчката, нерастворливите влакна го подобруваат варењето и помагаат во одржување на витката линија.
Многу вегетаријанци ги пропуштаат протеините кои лесно можат да се добијат преку храна со животинско потекло. Леблебијата е добар извор на протеини без додатоци на калории и незаситени масти.
Манган е минерал кој му помага на телото во производство на енергија. Една шолја леблебија два до три пати неделно е доволна за да ги наполните батериите за цела недела. Најдобар начин е да ја консумирате како ужина или да ја зготвите со малку сол.
Леблебијата е богата со железо и со тоа е важен природен додаток за жени кои се во менструален период, лактација или се трудни. Децата кои се во раст и развој исто така имаат корист од оваа мешунка.
Растворливите влакна во леблебијата помагаат да се одржи оптималното ниво на шеќер во крвта. Доколку сте отпорни на инсулин или имате дијабетес, леблебијата е добра за организмот бидејќи овозможува постојана енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.