| четврток, 6 декември 2018 |

Командантите на УЧК Ахмети и Џафери гласаа Жаклина Пешевска да биде прогласена за терорист

Пратениците во Македонското Собрание и екскоманданти на УЧК, Али Ахмети и Талат Џафери алиас Форина, на денешната седница гласаа за да им се одземе имутиетот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

По ова, осомничените пратеници ќе издржуваат мерка притвор, затоа што се товарат  за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Двајцата пратеници кои денеска гласаа пратениците да бидат прогласени за терористи, во конфликтот во 2001 беа команданти на ОНА, македонското крило на УЧК, организација која американскиот Стејт департмент, Обединетите нации и уште неколку меѓународни организации ја класификуваат како терористичка организација.

Од страна на УЧК за време на конфликтот беа извршени неколку масакри над припадници на македонската армија и полиција и неколку злосторства врз цивили, што по секоја дефиниција спаѓаат во групата на „терористички акти“, затоа што се работи за злосторства извршени за политички цели.

Денешниот претседател на собранието Талат Џафери, пред конфликтот во 2001 г. беше на висока позиција во АРМ, но за време на војната дезертира и ја облече униформата на терористите. Во изминатите години тој со докази беше поврзуван со масакрот во Вејце, во кој од страна на терористите на УЧК беа ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невиениот масакр.

Ден пред годишнината од масакрот во Вејце, во Собранието се пееше албанската химна (ВИДЕО)

За овој случај, до ден денес никој нема понесено правна одговорност. А Џафери, кој сега е претседател на Собранието, беше и министер за одбрана.

Џафери, Ахмети и уште илјадници припадници на УЧК никогаш не одговараа за тероризам, а за тероризам се обвинуваат луѓе каи никогаш не посегнале по насилство како оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски и уште 33 други лица помеѓу кои и шесте пратеници на кои денес екстерористите им го одземаа имунитетот.

Помеѓу обвинетите за „тероризам“ е и пратеникот Јохан Тарчуловски, кој во 2001 беше ги бранеше суверенитетот и интегритетот на Република Македонија од терористите на УЧК. Тој е единствениот Македониец кој беше осуден од Судот за воени злосторства во Хаг и за Македонија одлежа 8 години затвор. Од страна на УЧК, предметите од Хаг беа вратени во македонското правосудство, но собранието одлучи да ги амнестира.

Она што е симптоматично е тоа што токму поранешниот лидер на вооружените сили на терористичката УЧК, Али Ахмети, на 27 април, кога надвор од собранискиот деловник и уставот, неговиот партиски, функционерски и воен колега беше избиран за претседател на собранието не присуствуваше на седницата.

Лидерот на албанската партија БЕСА, Биљал Касими, изрази сомнеж дека симптоматично е и тоа што Ахмети не бил во салата за време на изборорот на Талат Џафери, што  според него значи дека имал информација што ќе се случува.

Касами: За 27 април знаеја и Заев и Ахмети, затоа Ахмети не беше во салата

Со слични тврдења излезе и екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој истакна дека Заев и Ахмети знаеле за насилното сценарио кое се подготвува во Собранието, но не ја известиле полицијата.

Сега Чавков, исто така е обвинет за тероризам.

Чавков: Министерот, Заев, Ахмети знаеле дека се подготвува сценарио, но криеја од полицијата

Инаку, Ахмети е рекорден по отсуства во Собранието, од 2001 не присуствува на седниците, но денеска кога македонските пратеници и патриоти беа прогласувани за терористи, тој дојде на седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top