| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал по скандал: После аферата со порно сајтот, уште една тајна на идната кралска снаа шокираше многумина

Откако е обелоденето дека за неколку месеци ќе се омажи за принцот Хари, Меган Меркл не престанува да ја изненадува, како британската, така и светската јавност.

Вчера многумина ги изненади веста дека свршеничката на британскиот принц осамна на порно сајт. Сцените од една серија во која таа е сосема разголена, се појавија претходните денови.

Сега уште една вистина исплива на виделина, а се однеусва на нејзините предци. Имено дама по име Мери Брд родена е во Ирска. Според историјата на семејството Меркл, на кое Меган припаѓа, Мери е нејзина пра-прабаба. Таа во средината на 19 век работела на кралскиот двор како собарка во своите тинејџерски денови.

Мери подоцна се омажила за англиски војник со кој емигрирала во Канада, а потоа и во САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top