Најмалку десет лица загинаа, а петмина се повредени во пожарот кој денеска зафати деловно-станбен објект во Тјенцин, во Кина.
Пожарот изби на 38-от кат од зградата, околу четири часот изутрина, по локално време.
Пожарот бил ставен под контрола послке два ипол часа. Пожарникарите соопштија дека се уништени над 300 метри квадратни.
Градските власти соопштија дека во тек е истрага, а приведени се неколку лица за кои се смета дека се одговорни за пожарот. Локалните медиуми информираа дека се верува оти пожарот бил предизвикан од материјали за внатрешно декорирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.