| четврток, 6 декември 2018 |

Сите очи вперени во зетовците на Путин

Од бракот со Јудмила Путин има две ќерки, Марија и Екатерина, кои долго време не ѝ беа познати во јавноста. Токму поради тоа секоја нова информација за нив предизвикува големо влијание.

Во ТВ-интервју Путин неодамна рече дека неговите ќерки живеат во Русија и не се јавни личности, двете се успешни во својата работа и полека ја градат кариерата.

Екатерина Тихонова

Екатерина е помалата ќерка на Путин, има 31 година. Мажена е за Кирил Шамалов (35) од 2013 година. За да ја задржи приватноста, таа го земала презимето на баба ѝ по мајка. Се занимава со танчарска акробатика и многу е успешна. Долго време се претпоставувало дека му е ќерка на Путин, бидејќи многу личи на него. Неодамна сомнежите ги потврди претседателот на Светската акробатска конференција.

Оваа девојка е директор на две иницијативи на Московскио државен универзитет, Фондација за национален и интелектуален развој и Национален интелектуален центар за резерви.
Исто така води инопратика, научен центар на Московскиот државен универзитет кој вреди 1.7 милијарди долари.

Сопругот на Катерина е богат

Кирил Шамалов е син на Николај Шамалов, косопственик на Руска банка и добар пријател на Путин. Тој спаѓа меѓу најмладите милијардери во свет.

Многумина сметаат дека тајната на неговиот успех е блиската врска која ја има со рускиот претседател. Кирил започнал да ги користи своите семејни врски уште 2002 година додека студирал во Санкт Петербург. Во раните деведесетти поставен е за главен правен советник за надворшно-економски работи во Гаспром.

Бил консултант во руското Министерство за финансии за државен имот, приватизација и реформи на државни претпријатија. Во 2008 година, кога имал 26 години, ја презел функцијата потпретседател за административни работи во петрохемиската компанија Сибир Холдинг. Руската влада има околу 38 отсто удел во таа компанија.

Кирил и Катерина се венчале 2013 година на тајна церемонија, а венчањето е одржано во скијалиштето „Игор“.

Младенците пристигнале на санки кои ги влечеле три бели коња, а на свеченоста присуствувале 100 гости.

Марија Путина

Сан пишува дека Путин наводно сакал помладата ќерка да го наследи, бидејќи нема синови, и сака добро да ја обучи за да ја преземе улогата. Подготовка и обука би биле до 2024 година кога Марија ќе наполни 38 години. Се претпоставува дека тогаш ќе се кадидира на изборите за претседател.

Спрема рускиот закон, Путин не ќе може да се кандидира за претседател на изборите во 2024 година, бидејќи ќе има 71 година.

Марија Путина е постарата ќерка на рускиот претседател и има 32 години. Таа е родена во Санкт Петербург.

Судирала на државниот универзитет во Санкт Петербург, завршила биологија, а студирала и медицина во Москва. Медиумите до скоро пишуваа дека до неодамна живеела во Холандија, од каде што потекнува нејзиниот сопруг, бизнисмен Јорит Фасен.

Нејзиниот сопруг Јорит Фасен е бизнисмен со потекло од Холандија. Како што за пријателите на Путин не се знае многу, така и за него не се знае многу. Тој работел за Газпром како извршен директор, откако завршил архитектура на универзитетот во Хаг.

Марија и Јорит имаат деца, а Путин дека сака тие да растат нормално, а не како принцови.

Приказната за него стигнала во јавност во 2010 година кога го нападнале и претепале телохранители на истакнат руски банкар Матвеј Урина, после сообраќајна незгода.

Банкарот е затворен поради хулиганство и предизвикување несреќа, а подоцна добил затвор поради проневера од 517 милиони долари.

Критичарите го обвиниле Путин дека казната е преголема за Урина и тоа поради Фасен, кој е поврзан со неговата ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top